Вести Македонија Топ вести

Набиена агенда – рочишта за „Тендери“, „Софтвери“ и клиниката „Жан Митрев“ денеска на репертоарот на Кривичен

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште на кое се очекува пресуда за случајот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска. Рочиште е закажано и за случајот „Софтвери“ во кој осомничен е поранешниот ген-сек на владата, Драги Рашковски.

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција во октмоври 2021 година поднесе обвинение против Рашковски и против други шест лица поради злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

За денеска рочиште е закажано и за случајот со клиниката „Жан Митрев“. Одбраната претходно се жалеше дека и се дава премалку време за да може да ги разгледа доказите. Според нив станува збор за 10.000 страници кои треба да ги разгледаат за 10 дена, а право на нивно разгледување имаат само по четири часа во денот.

Според информации на Телма, за денеска пред судот се најавени и протести на роднините на оштетените. Тие беа присутни и на претходното рочиште, но се очекува пред Кривичен да бидат присутни и дел од вработените во клиниката со цел да му дадат поддршка на доктор Митрев. Рочиштето е закажано за 10 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе