Вести Македонија

Три кривични пријави од националните телевизии за незаконско преземање на програмата, скопското обвинителство ги спои во еден предмет

Кривичните пријави поднесени од три национални телевизии, ТВ Телма, Канал 5 и Алфа за нелегално реемитување на програмите на телевизијата преку платформа се споени во еден предмет бидејќи станува збор за пријави против исто лице за исти дејствија, потврди скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

-Се работи за предистражна постапка, за овие кривични дела не е ниту предвидена истражна постапка, бидејќи истражната постапка е предвидена за дела за кои е предвидена потешка казна затвор. За овие дела, во зависност на тоа колку е прибавената корист, казните се движат до максимум пет години затвор. Имајќи предвид дека максималната е до 5 години затвор, за ова се предвидени истражни дејствија кои во суштина се тајни истражни дејствија од страна на Обвинителство за да не се осуети постапката. Се постапува по предметот. Кога ќе се прибере целиот доказен материјал, тоа сега се работи за еден предмет, јавниот обвинител кој си го работи предметот ќе донесе соодветна одлука, се разбира имајќи в предвид сите факти, изјави Гаврил Бубевски, Основен јавен обвинител на ОЈО Скопје за Канал 5.

Обвинителството не е надлежно за да стопира нелегално емитување на програма, како и за други кривични дела поврзани со пиратерија и авторски права.

-Државата треба да си ја усогласи таа политика (н.з. со директивите на ЕУ)и да види како и на кој начин ќе се бори против ова, бидејќи современите држави имаат сериозни институции кои на многу поефикасен начин и побрзо го решаваат сето тоа, имајќи предвид дека материјата на авторското право многу е тенка со граѓанско правна заштита и кривично правна заштита, а од друга страна државата може да го изрегулира тоа на соодветен начин.  Ние се стремиме кон тие земји, тоа законодавство очигледно дава резултати таму кај што е, а треба да го превземеме во тој контекст,-одговори обвинителот Бубевски за Канал 5.

Претходно (февруари 2022-ра) за пиратерија ТВ Телма поднесе кривична пријава против сопственикот на порталот ДоказМ поради реемитување на телевизиска програма за која телевизијата имаше откупено права за емитување на територијата на Македонија. Обвинителството таа пријава ја вклопи во целиот случај воден против осомничениот сопственик на порталот заедно со други дела и е донесена првостепена пресуда.

Телма има поднесено уште неколку кривични пријави за пиратерија односно за непочитување на авторски права и права за емитување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе