Вести Македонија

Новаковски во „Вин-Вин“: Оптимист сум за имплементација на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за изборното законодавство, но не и дека за нов изборен законик до наредните избори

Се доцни со реформи во изнорното законодавство и со имплементација на забелеѓките од ОБСЕ/ОДИХР, изјави Александар Новаковски, експерт за изборно законодавство, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Имаше неколку работни групи, чиј дел не бев јас. Ја прифатив понудата да ја предводам оваа работна група, затоа што сметам дека ќе се успее да се направи имплементација на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е првиот чекор кој мислам дека ќе оди полесно, со оглед дека, ако сите партии се декларираат и пред сите надворешни фактори се колнат во тоа, бидејќи ОБСЕ/ОДИХР доаѓаат овде по наше барање, не доаѓаат самоиницијативно. И тоа е одлука на државата. И ако сите партии се согласни да ги набљудуваат, тогаш треба тие забелеѓки и да ги прифатат“, вели Новаковски.

Без разлика дали тоа се парламентарни, нагласи Новаковски, иако товарот на носење на овие закони кои работната група ќе ги направи, ќе биде на парламентот.

„Ми дава за право да бидам оптимист, со оглед на составот на работната група и амбициите на министерот за правда кој веднаш по неговото поставување ја формира. Направивме план за работа. Прво ќе се оди на формирање на работни групи во кои ќе се работи на сите забелешки на ОБСЕ/ОДИХР. Ќе почнеме со еднаквоста на правото на глас, повредата на Копенхашките критериуми. Тоа мора да се реши. Партиите нека ја водат политичката битка во парламентот, ова ќе е на стручна основа. А потоа, со оглед дека во забелешките има и сугестија за носење на нов закон, не сме оптимисти дека може да се стигне за наредните избори, но напор ќе се направи за нов изборен законик“, потенцира Новаковски.

Обврските на работната група, нагласи тој, ќе бидат завршени и апелира до партиите кои не учествуваат со свои претставници во работната група ќе немаат против забелешките и изрази надеж дека ќе биде изготвен добар текст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата

Дејан Дејан

Ранжел од Брисел: Потребно е да се обезбедат услови за новите земји членки на ЕУ

Дејан Дејан

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе