Вести Свет

Ранжел од Брисел: Потребно е да се обезбедат услови за новите земји членки на ЕУ

Од Брисел, новиот министер Ранжел изјави дека Европската Унија треба да даде многу јасен политички сигнал за идните членки на Европската Унија.

,,Мораме да создадеме услови и во државите кои сакаат да станат членки на ЕУ, со цел проширувањето да може да се случи што е можно побрзо.”, заклучи Ранжел.

Тој истакна дека има „многу позитивни очекувања” од процесот на проширување на ЕУ, иако, како што рече „Tоа е тешко прашање кога станува збор за преговорите“.

Според Ранжел, потребно е да се зголеми повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија со цел да се обезбедат средства за покривање на трошоците за процесот на проширување, но и за зајакнување на одбраната.

,,Мислиме дека треба да има зголемување на Буџетот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Европската Унија, за да можеме да одговориме на тројната транзиција – дигитална, еколошка и социјална, но и на прашањето за одбраната и прашањето за проширување и конкурентност.”, рече Ранжел по учеството на годишната конференција на Европската комисија во Брисел посветена на буџетот на Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе