Вести Македонија Топ вести

Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов

Внесување на бугарската заедница во Уставот на Мaкедонија e најважен, но не и единствениот критериум со кој се констатира исполнувањето на предусловите за втората меѓувладина конференција од пристапните преговори за членство во ЕУ се вели во анализата на Институтот за демократија.

Во анализата се наведува дека останува нејасно каков е и дали воопшто има системски пристап кон останатите прашања од Протоколот со Бугарија и како Македонија ќе одговори и ќе ги спроведе.

Од Институт за демократија притоа ги посочуваат преземените обврски околу говорот на омраза при што наведуваат дека нема прецизна листа на  институции и агенции на кои се однесува превенирање од недобронамерна пропаганда, но и начинот на обесхрабување на активностите на приватните субјетки, при што не е јасно и кои се тиа приватни субјекти, пред се што тие не влегуваат во опсегот на државното финансирање.

Дополнително поради не постоење на дефиниција за говор на омраза, таа област е оставена на широк опсег на толкување и препораката на Институтот за демократија е домашните институции во соработка со европската Агенција за основни права да се создаде сеопфатен механизам кој функционално би одговорил на ова прашање.

Анализата утврдила дека според Протоколот нејасно е и дали заклучоците на историската комисија по автоматизам се прифаќаат од владите во двете земји и се имплементираат или владите тоа можат да го направат делумно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе