Вести Македонија Топ вести

Опозицијата обвинува дека со европското знаменце се прекршени сите процедури

Кривични пријави и жестока дебата се најавуваат во пресрет на утрешната седница на која ќе се разгледуваат новите закони со европско знаменце, поврзани со договорот со „Бехтел&Енка“. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да поднесат многу амандмани, затоа што ова знаменце дозволува дебата само два дена. Но, укажуваат дека се прекршени сите можни процедури.

Од опозициската партија иронизираат дека, доколку продолжи ова вака, треба да се укинат сите собраниски комисии и да остане само комисијата за Европски прашања, која би решавала за се.

СДСМ, пак, очекуваат разбирање од ЕУ, кои реагираа на злоупотребата на европското знаменце и за оваа, според нив, историска одлука. Главниот аргумент ќе им биде дека се работи за европски коридор.

Спорните закони се ставени веќе утре на дневен ред, само два дена откако пристигнаа од владата во собранието, без да се чека законскиот рок од 10 дена за да бидат ставени на седница.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе