Вести Македонија Топ вести

На седницата на Судски совет дозволено присуство само на новинари – камерите ги деконцентрирало судиите

Судскиот совет одлучи на денешната седница со која раководи новиот претседател Сашко Ѓорѓиев да не дозволи да се снима со камери, но дозволено е присуство на новинари. Претходеше и кратка дебата, а оправдувањата за ваквата одлука се дека немало услови.

Снимањето ги деконцентрира членовите на Судскиот совет, рече тој објаснувајќи дека на дневен ред се претставки од граѓани.

Весна Дамева, рарешената претседателка на Советот, се спротивстави најпрво на ваквата одлука,  но потоа се согласи „ако така решило мнозинството“, нагласувајќи дека не знаела зашто не била повикана на колегиумот.

Потоа, поранешната претседателка Павлина Црвенковска изнесе предлог да остане само една камера и од неа да добијат снимки сите телевизии. Предлогот беше да остане камерата на новинската агенција МИА, иако нивната камера не е телевизиска и иако Судскиот совет не знае дали агенцијата воопшто има намера да снима или дали е во можност да ја снима целата седница.

На крајот, на седницата останаа само новинарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе