Вести Македонија

Скопјанка повредена при излегување од автобус на ЈСП

Полицијата соопшти дека 69-годишна скопјанка е тешко повредена при инцидент во автобус на скопскиот јавен превоз.

Таа кога се симнувала од автобусот била фатена со вратата која што била затворена пред да успее да излезе.

Паднала и добила тешки повреди кои се констатирани во болница.

МВР објави повеќе детали за бизарниот инцидент во дневниот билтен:

На 05.05.2023 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“, Т.А.(69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.  Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Тетовската противпожарна единица не стигнува на сите места

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе