Вести Македонија Топ вести

Во Скопје отворена книга на жалост за жртвите од Врачар

Амбасадата на Република Србија во Скопје поради трагедијата која се случи во соседна Србија и во главниот град на земјава денеска отвори книга на жалост во која граѓаните ќе може да изразат сочуство за прерано згаснатите млади животи во Врачар.

Книгата ќе биде отворена и наредните два дена во периодот од 09 до 19 часот. Во книгата на жалост свои пораки ќе можат да остават и македонските граѓани.

Во соседна Србија е прогласена тридневна жалост поради несреќата во ООУ „Владислав Рибникар“ во Белград каде седмооделенец усмрти седум свои соученици и домарот на училиштето, трагедија што ја шокираше нацијата, но и светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе