Вести Свет Топ вести

Уапсен масовниот убиец кој со Калашников изрешета осум луѓе, рани 13, од кои двајца се во критична состојба

Уапсен е масовниот убиец кој синоќа по кавга со пријатели со автоматско оружје изрешета осум луѓе, повреди 13, меѓу нив и дете на 15-годишна возраст. РТС дознава од полициски извори дека 21-годишниот убиец е уапсен во близина на Крагуевац.

Неофицијално, 21-годишниот Урош.Б., бил со другарите во училишниот двор кога се скарал со нив. Дошол дома и ја зел автоматската пушка. Потоа се вратил кај друштвото, пукал во нив додека тие ја подготвувале скарата, па влегол во мерцедесот и пукал од автомобилот во движење.

Подоцна го сменил автомобилот и бил во бегство цела ноќ, распишана беше потерница, а по него трагаа 600-тини полицајци. РТС дознава дека е уапсен недалеку од Крагуевац.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица и Полициската интервентна бригада пребаруваат викендица по викендица во атарот на трите села во Младеновац.

Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба. Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години, кои се уште се во критична состојба.

Министерството за здравство апелираше до граѓаните дека се потребни крводарители за ранетите во престрелката што се случи синоќа во Младеновац.

Како што наведуваат од Министерството, потребна е крв од сите крвни групи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе