Вести Свет Топ вести

Лука Дончич се понуди да ги покрие трошоците за погребите на убиените деца и чуварот во средата во Белград

Кошаркарската ѕвезда на Далас Маверикс, Словенецот Лука Дончич се понуди да ги плати трошоците за погребот на осумте деца и чуварот кои загинаа во масовното пукање во средата во Белград. Веста најпрво ја пренесе угледниот „И-ЕС-Пи-Ен“ (ESPN), повикувајќи се на портпаролот на Фондацијата „Лука Дончич“, за подоцна да ја потврди и самиот кошаркар на Твитер.

Дончич е во голема мера поврзан со Србија. Неговиот татко Саша е по потекло од Србија, а роден е во Словенија, како и Лука. Таму има и членови на фамилијата, како баба, тетки и многубројни роднини.

„Срцето ми е скршено по трагедијата во Србија и загубените животи на недолжни деца. Моите мисли се со семејствата на жртвите и целото општество кое е погодено од трагедијата“, изјави Дончич.

Две деца од повредените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска се пуштени на домашно лекување. Состојбата се подобрува и кај дел од пациентите кои се хоспитализирани на Детската клиника и во Ургентниот центар во српската престолнина, но кај дел останува и натаму критична.

Веднаш беше уапсено 13-годишното момче кое го изврши крвавиот пир, како и неговите родители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе