Вести Македонија

Захарова: Во февруари во Молдавија се подготвувал атентат на претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи

Портпаролката на руското МНР Мариjа Захарова објавува детали од обидот за ликвидација на шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за време на неговата посета во Молдавија.

На почетокот на март бил откриен заговор против раководството на Придњестровје и лицето Вјачеслав Кисничан кој требало да го изврши нападот. Тој бил во контакт со граѓани на Украина и агенти на специјалните служби, кои му дале автомобил со експлозив.

Но, како што пишува Захарова, заговорот бил откриен и Кисничан бил приведен.

На 14-ти февруари се подготвувал уште еден терористички напад – овој пат против Претседавачот на ОБСЕ, Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија, американската државјанка Кели Кејдерлинг.

Кисничан сфатил дека не може да ја разнесе поворката на ОБСЕ без да се повреди и се откажал од првичниот план, тврди Захарова.

Сето тоа го признал на распит, објавува портпаролката на руското МНР и прашува: до кога за ова ќе молчат Белата куќа и Стејт департментот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе