Вести Македонија Топ вести

Нов претседател, старите грижи за политички влијанија останаа во Судскиот Совет

Сашко Георгиев судија од Штипскиот основен суд и член на Судскиот совет од 2018 е избран за претседател на ова судско тело. Стигна до 8 гласа за. Доволно да ја наследи Весна Дамева која беше разрешена во контроверзна постапка која ја нема во закон. Меѓу првите работи кои Георгиев ги направи во обраќањето беше истакнувањето на верската убеденост.

Досегашната претседателка Весна Дамева не беше на седницата каде е избран Георгиев. Но била на претходна тајна седница каде првичната одлука за нејзиното разрешување била отповикана ( ставена вон сила) а потоа Советот повторно ја разрешувал, сега со 9  гласови за. Тајноста и криењето на таа денешна седница, новиот претседател ја правда со сензитивност на точките за кои дискутирале додека набљудувачите експерти, сметаат дека нема законско оправдување за криење на таа седница.

Во изјавата за медиумите Георгиев вети подобрување на состојбата во судството и враќање на довербата. Негираше дека повлекувањето на минатонеделната одлука за разрешување на Дамева е признание дека донеле незаконска одлука.

Но оние што беа против неговиот избор директно му одговорија дека главна причина за тоа што не ми дале поддешка е неговото минатонеделно гласање.

Лидерот на т.н пучистите Селим Адеми беше задоволен, а Тања Чачарова Илиевска, клучниот  8-ми  глас  за денешниот избор, соопшти дека го подржала за да се разреши проблемот во Советот.

На тајната седница и Селим Адеми си поднел оставка од позицијата заменик претседател со одложено дејство, но таа оставка ќе стане ефективна откако ќе завршат процедурите за избор на нов претседател .

За Енвер Беџети, судијата за кого требаше да се отвори постапка за одговорност  поради чување во фиока на предметот Тврдина Таргет, новиот претседател рече дека нема да зборува за судиите со имиња, но дека советот професионално и законски ќе ја бара одговорноста на колегите судии кои ќе грешат.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе