Вести Македонија

Најчевска за Бујар Османи: Лакејот на Али Ахмети бараше од мојот сопруг како амбасадор да го крши законот, никој во Македонија не реагираше на претставката

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска која е и сопруга на досегашниот амбасадор на Македонија во Прага, Чешка Република изнесе сериозни обвинувања на сметка на министерот за надворешни работи Бујар Османи кого навредливо го нарекува лакеј на Али Ахмети и неписмен.
Најчевска тврди дека Османи го кршел законот со наредби, амбасадорот во Чешка лично да го известува него, а не како што треба дипломатската служба во МНР и претседателот на државата.
-Мојот сопруг не се согласи со барањето на Османи (кој самиот изјави дека одговара единствено пред Али Ахмети) да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата  (Чешка Република) во која е поставен за амбасадор, наведува Најчевска во своето ФБ обраќање.
Според неа, Османи ги прекршил Уставот и законите што дипломат професионалец како нејзиниот  сопруг не можел и не си дозволил да ги толерира, за што пред неколку месеци амбасадорот Тодоровски доставил претставка до Владата и до Претседателот на државата.
-Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, наведува Најчевска.
-Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше, вели таа и додава дека министерот едноставно не ги знае законите.
-А на неписмениот лакеј на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи некој треба да му каже дека сопругите и сопрузите на амбасадорите добиваат средства во висина од 10% од платата на амбасадорот не за да се шетаат и да се проводат туку за извршување на дипломатски задачи кои им ги доделува амбасадорот, тврди професорката Најчевска чиј сопруг Сашко Тодоровски беше амбасадор во Чешка и министерот Османи посочи дека му го прекинал мандатот.
Османи тврди дека се откриени нерегуларности во работата на амбасадорот Тодоровски, а меѓу другото неговата сопруга Најчевска била ангажирана како културен аташе.

-Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, истакна министерот Османи на денешната онлајн прес-конференција додека беше во Њујорк.

Амбасадорот Тодоровски пак во изјава за Канал 5 истакна дека сам си поднел барање за завршување на мандатот поради одење во пензија. За сопругата кажа дека имал право и ја назначил за научен аташе за оние 10 % за кои законски е предвидено да ги добива како сопружник на амбасадор.

Што се однесува за сериозните обвинувања на Најчевска дека за Османи имало претставка од амбасадорот Тодоровски, нема реакција од надлежните институции кои се спомнати.

Поради пропусти и неправилности, Бујар Османи го враќа амбасадорот од Чешка, сопругот на Најчевска, жестока критичарка на начинот на владеење на ДУИ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе