Вести Македонија

Поради пропусти и неправилности, Бујар Османи го враќа амбасадорот од Чешка, сопругот на Најчевска, жестока критичарка на начинот на владеење на ДУИ

Амбасадорот на Северна Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата поради констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат, соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите.

Тодоровски, како што рече Османи, е отповикан на средина од мандатот.

„Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат“,

рече Османи.

Прашан од новинарите за кој амбасадор станува збор, шефот на дипломатијата рече:

„Сашко Тодоровски. Вратен е од Прага, Чешка“.

На дополнително прашање зошто конкретно е вратен, односно какви нерегуларности се констатирани, Османи рече дека, меѓу другото, станувало збор и за лажно претставување на сопругата како културен аташе и не ги почитувал инструкциите што доаѓале од Министерството за надворешни работи.

„Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци“,

рече Османи.

Сопруга на амбасадорот Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска, која по овој настан на ФБ напиша:

Мојот сопруг поднесе оставка.
Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе