Вести Македонија Топ вести

Бугарски портал најавува: Заедничка литургија на бугарски и македонски свештеници во Ново Село, во чест на загинатите војници во „битките за национално обединување“

Литургија во спомен на бугарските војници загинати во, како што се вели, „битките за национално обединување“ќе се одржи пред споменикот во Ново  Село, во Македонија, на Ѓурѓовден, 6-ти мај, објави денеска бугарскиот портал news.bg.

Ова ќе биде прв пат заедничка литургија да одржат свештени лица од бугарската и македонската православна црква во Македонија, тврди порталот.

Според порталот, на литургијата ќе присуствуваат и претставници на националната гарда, официјални лица и граѓани од двете страни на границата.

News.bg тврди дека домаќини на настанот ќе бидат Милен Врабевски и фондацијата „Бугарска меморија“ а ќе биде поддржан и од дипломатското претставништво на официјална Софија во Македонија и Бугарското министерство за надворешни работи.

„Спомен-обележјето во Ново Село беше обновен во 2006 година. Таму се погребани 71 бугарски војник кои ги дадоа своите животи во битките за национално обединување“ – пишува news.bg

Прва заедничка богослужба на бугарските и македонските митрополити

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе