Вести Македонија

120 години од смртта на Гоце Делчев – историчарите бараат да не се прават компромоси со Бугарите, внукот на Делчев повика на обединување

Со панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во црквата  „Св. Спас“ во Скопје почна одбележувањето на 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

  • Ја зачувавме ли и дали доволно ја покажуваме љубовта кон татковината и кон својот народ како што порачуваше Гоце ? Се грижиме ли доволно за минатото за да имаме и сегашност и иднина и уште ова до кога и до каде со отстапките пред секого и од се , а на штета на македонските национални и духовни интереси. Зарем со нашите однесувања не пукаме и не го убиваме повторно и повторно самиот Гоце и не го доуриваме она во кое се вгради и самиот тој, изјави г.г. Стефан, поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија 

Според професор Жежов не треба да има никаков компромис со македонската историја. Во врска со актуелните случувања меѓу Македонија и Бугарија, како што се договорите за одредени историски личности и што губи Македонија со заедничките чествувања на Гоце Делчев, Жежов со став:

  • Ако не дај Боже се случи такво нешто тогаш ние самите си признаваме дека сме вештачка нација согласно бугарските тврдења дека сме настанати со указ на Коминтерната и сами ќе си ја пресечеме гранката на која што седиме и тоа ќе биде невиден преседан во историјата на современата човечка цивилизација, еден народ да се одрекува од сопственото историско минато, изјави Никола Жежов, универзитетски професор 

Меѓу присутните кои положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, беше и неговиот внук бугарскиот диригент Христо Христов. На прашањето дали актуелните случувања се во духот на она што го кажа Гоце Делчев дека го разбира светот како поле за културен натпревар на народите, Христов смета дека токму уметноста е важна за тој дијалог.

  • Мојата лична желба и не само мојата беше да направиме еден мирен, високо културен проект кој ќе вклучува музичари од двете држави, да направат голем оркестар и да ги изведат двете државни химни и на едната и на другата држава и Бетовеновата деветта симфонија, која во својот последен дел е всушност химната на Европа, „Ода на радоста“, изјави Христо Христов, внук на Гоце Делчев

На денешното чествување по повод смртта на македонскиот великан Гоце Делчев во земјава не присуствуваше бугарска делегација, но првиот човек на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој се најде на црниот список на МВР и не му беше дозволен влез на последното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, сега најави дека ќе оди во Баница, за да положи венец и да процени каде да стават спомен плоча на, како што вели, бугарскиот револуционер.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе