Вести Македонија

Димитров во „Топ тема“: Никогаш во животот не сум имал партиска книшка, моќта на убедување беше мојата сила

Во мојот ресор, во кој имав, сепак, главен збор, иако многу од одлуките се потврдуваат на Влада или одат на амин кај шеф на држава, како испраќање на амбасадори, ова што го зборувам и го спроведов и од првите 40 амбасадори, 35 беа кариерни дипломати, а пет беа политички решенија, што е еден драстичен пресврт во однос на она што го наследил, изјави Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и прв човек на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), сега во својство на претседател на „Солуција“, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

По излегувањето од политиката на Димитров, многу од македонските амбасади останаа празни. Дел од нив и денеска не се пополнети што поради немањето амин од политиката или немаше договор.

„Тешка е таа битка, меѓутоа јас успеав во рамките на можното, без да имам граѓански пратеници, без да имам сила во парламентот, сум соработувал со двете страни, но никогаш не сум бил во партиите. Јас во животот не сум имал членска книшка на ниту една политичка партија. Мојата сила, пред сè, беше во моќта на убедување, во кредибилитетот дома и во кредибилитетот надвор, со напите пријатели од меѓународната заедница“, вели Димитров.

Користејќи ја таа сила, додаде тој, како политичка фигура во владата и во неговиот ресор, вели дека успеал да направи пресврт за кој признава дека не бил совршен, меѓутоа беше многу голем од она што го затекнал.

„Првите 10 амбасадори кои беа испратени во мое време имаат вкупно над 200 години стаж, за разлика од последните 10 амбасадори пред мое време кои што имаат, можеби, 20-тина години заедно. Тоа се огромни разлики. Во предлог законот за надворешни работи се обидов да внесам професионализација и меритократија, врзувајќи си ги своите раце и рацете на идните министри за надворешни. Се обидов да внесам критериуми и во напредувањето во службата, како оценки, должина на стаж, итн. што на пример не ми помина во Влада, бидејќи немаше расположение меѓу политичките партии“, потенцира Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гордана Силјановска Давкова- нов претседател на Република Северна Македонија

Дејан Дејан

Пендаровски со честитки до победниците: Мојот концепт не доби мнозинство, некои партии ефективно спречија гласање на претседателски избори

Дејан Дејан

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе