Вести Македонија

Димитров во „Топ тема“: Главен проблем на нефункционалноста на системот е партизацијата која најчесто носи послушност кон партијата или кон лидерот

„Солуција“ е невладина организација или Здружение на граѓани или тинк-тенк на некој начин кој што ќе има повеќе проекти од организација која е една од рацете на Европската Унија (ЕУ) низ која што се помага за развој на демократските процеси во земји кои сè уште имаат мака со цврстината и здравјето на своите демократии, пред сè, во соседството на географијата на ЕУ, рече Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и прв човек на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), сега во својство на претседател на „Солуција“, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тие најчесто финансираат граѓански активизам, истражувачко новинарство и генерално новинарство, бидејќи често проблемите во демократијата се врзани со проблеми во медиумската фела, со слободата на медиумите“, посочи Димитров.

Граѓаните, вели Димитров, се пред суров избор. Или треба, како што рече, да се соочат со реалноста и да се обидат да ја сменат, категорија во која се става и самиот како граѓанин, или, на некој начин, на кренат раце и да се помират со судбината дека моќта е во политичките партии.

„Уставот, меѓутоа вели дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на македонските граѓани. Демократијата не се само партиите и не се само изборите, без разлика дали се редовни циклуси на четири години или на пет години во нашиот случај со претседателските избори, туку пилитиката е сето она што го правиме во нашите професии, во зависност од сферата и сите заедно како граѓанство во однос на нашата реалност. Денес, реално се соочуваме со големи проблеми. Убеден сум, како и луѓето со кои што разговарав, дека главниот проблем, главната причина за нефункционалноста на нашиот систем е партизацијата, бидејќи нужно партизацијата нема натпревар на способност, квалификации, искуство, знаење, туку има послушност кон партијата и најчесто кон партискиот лидер“, е ставот на Димитров.

Тој нагласи и за проблем со внатрепартиската демократија.

„И кога ова се таложи и долго трае, истовремено партизацијата оди со неодговорност. Ако е од „нашите“, ќе треба да го заштитуваме, дури и кога ќе греши, освен ако стане неподносливо и прескапо“, истакна Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК со пресек на излезноста за претседателските избори – до 17 часот гласале 452.412 лица или 42,32 отсто

Дејан Дејан

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе