Вести Македонија Топ вести

Милошоски: Криењето на Договорот за автопатите има силни индиции за корупција и криминал

Според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „Државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и Договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот“, истакна пред новинарите пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој смета дека ставот на спикерот Џафери до Договорот да немаат пристап пратениците  коишто поседуваат безбедносен сертификат, туку истиот да биде презентиран од владини претставници, Милошески вели тој се однесува како владин министер кој што ја штити Владата и не го интересира како ќе се потрошат 1 или 2 милијарди од државниот буџет.

„Криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал“, веи Милошоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе