Вести Македонија Топ вести

Многу деловнички фаули при разрешувањето на претседателката Дамева, реагираат невладините организации

Коалицијата „Сите за правично судење“ која редовно ги следи седниците на Судскиот совет смета дека се направени низа нарушувања на деловникот за работа на Судски совет од предлогот за ставање на точката на дневен ред, па сè до денешното разрешување на Дамева.

Односно се гласало за предложената нова точка на дневниот ред – расправање за меѓучовечките односи и веднаш потоа за усвојување на записникот од претходната седница. Ова, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“ доведува до парадоксална ситуација, односно доколку дневниот ред не бил усвоен, тогаш воопшто не би можело да се премине кон дискусија по предложените точки, и не би можело да биде додаден предлог за разрешување на претседателот на Советот во рамки на дискусијата за меѓучовечките односи.

Членот 7, пак, од Деловникот за работа на Судскиот совет вели дека дневниот ред треба да биде опреден седум дена претходно. Меѓутоа, на вчерашната седница на Судскиот совет, на која беше разрешена претседателката Весна Дамева, беше вметната точка за расправање за меѓучовечките односи која веднаш беше изгласана.

За денеска е закажана нова седница на Судскиот совет на која, според најавите, треба да се избере наследник на Весна Дамева на функцијата претседател, избор и начин што се пропишува во членот 11.

Работата и ингеренциите на претседателот на Судскиот совет се опишани во член 12 од Деловникот за работа на Судскиот совет.

По четири часа дебата, кавги, навредувања, обвинувања и тензична атмосфера, заврши денешната седница на Судскиот совет. Во присуство на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, нејзиниот заменик Селим Адеми го презеде водењето и предложи гласање за нејзино разрешување. Седуммина гласаа да биде разрешена, а петмина беа против. Дел од членовите на Советот инсистираа да се одложи барем за еден ден оваа точка, но Адеми беше упорен тоа да се случи денеска со образложение дека како што ја изгласале мнозинството, повеќе не и дава доверба и не може со сила да остане претседател на Судски совет.

Дамева разрешена со седум гласа, утре се бира нов претседател на Судски совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе