Вести Македонија Најважни

Дамева разрешена со седум гласа, утре се бира нов претседател на Судски совет

Вака по четири часа дебата, кавги, навредувања, обвинувања и тензична атмосфера, заврши денешната седница на Судскиот совет. Во присуство на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, нејзиниот заменик Селим Адеми го презеде водењето и предложи гласање за нејзино разрешување. Седуммина гласаа да биде разрешена, а петмина беа против. Дел од членовите на Советот инсистираа да се одложи барем за еден ден оваа точка, но Адеми беше упорен тоа да се случи денеска со образложение дека како што ја изгласале мнозинството, повеќе не и дава доверба и не може со сила да остане претседател на Судски совет.

Дамева претходно одбиваше да ја стави точката, со образложение дека нема законски основ за тоа и дека позадината за нејзиното разрешување е поинаква од тоа што се прикажува, односно дека тоа е желба на некој друг да се стави подобен претседател на чело на советот.

„Благодарам многу, ме спасивте, ако е тоа последното, бидејќи ова одлука ќе биде противзаконска, но очигледно треба да бидат исполнети некои желби. Одлука донесена на ваков начин во присуство на претседател на Судски совет со гласање од седум гласа каде што нема ниту предвидено основа за разрешување на претседател, а особено нема и број на гласови со кои се носи одлуката, заменик-претседател си зема за право да констатира престанок на функцијата претседател на Судски совет со што го одзема мандатот. Јас навистина не знам ова како ќе заврши освен што одредени лица од политиката ќе бидат и тоа како задоволни ако во успеат ова. Јас не се откажувам, битката продолжува и многу работи може да бидат уште полоши“, изјави на крај Дамева.

Дамева повеќе пати спомена, но не откри кој и зошто и земал мерка за смена. Рече дека тоа се случувало последните неколку недели, поради сензитивни точки поврзани со одговорност на судии кои требало да ги стави на дневен ред и за разрешување на судии, но не ги потврди ниту негираше информациите во јавноста дека причина е ставањето во процедура и на седница постапката за разрешување на судијата Енвер Беџети, познат по тоа дека девет месеци го држел предметот „Таргет-Тврдина“ во кој обвинет е Сашо Мијалков, кој потоа беше укинат.

Денешната седница почна со додавање на точка на дневен ред насловена како Нарушените меѓучовечки односи во судскиот совет  но уште на почетокот на денот меѓу редови се најавуваше целта на оваа дискусија. Најгласни против Дамева беа замникот Адеми и поранешната претседадателна Павлина Црвенковска како приини ги наведоа тоа што Дамева правела раздор се однесувала како институцијата да е нејзина и дека го криела писмото од амбасадорката на САД, Агелер. Таа сето ова го негираше.

Дамева беше на чело на Судскиот совет од декември минатата година и ја наследи Црвенковска која сама си даде оставка и рече дека трпела хајки од судско-бизнис елита.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе