Вести Македонија Топ вести

Касами со „Добредојде претседателке“ само на албански ја пречека Османи во Тетово

Косовската претседателка Вјоса Османи, која е во официјална посета на Македонија, денеска е во Тетово. Во нејзина чест во градот осамнаа билборди со нејзиниот лик и наслов „Добредојде претседателке“ напишано само на албански јазик.

На билбордот го има грбот на Општина Тетово, но нема информации дали општината е нарачател на објавата. Она што се забележува е што на билбордот воопшто не се споменува во која држава е гостинка косовската претседателка.

Како реакција на билбордот за Османи вчера во Тетово се појавија транспаренти „Тетово е Македонија “. Ваквите транспаренти беа поставено од ВМРО-ДПМНЕ, но денеска тие се отстранети, а билбордот остана.

Османи, која вчера беше пречекана со највисоки државни почести, е во официјална посета на Македонија. Таа вчера се сретна со државниот врв, а имаше средби и со раководството на ДУИ. Во моментов таа оствари средба со градоначалникот Касами по која двајцата се очекува да имаат заедничка изјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе