Вести Македонија

Матевски: Томосот од СПЦ има само симболична вредност

Припојувањето на ПОА во МПЦ е дел од договорот со СПЦ, и верските аналитичари тоа го оценуваат како добра работа. Универзитетскиот професор Зоран Матевски проценува дека тие ќе добијат неколку епархии, но и потенцираше дека тој томос има само симболична вредност.

Ние на тој начин ќе го зацврстиме сето она што го имаме со Белград и со СПЦ, тоа евхаристиско единство итн, но тука приказната не застанува и не смее да застане, како што некој сака. За жал и некои владици од Синодот сакаат таа приказна да застане на СПЦ и Руската православна црква, што би било оргомна грешка. Слушам сега отворено се агитира околу тоа, дури има една идеја да се чека некој Вселенски собор кој што може ќе се случи после 100 години. Не смее тоа да се случи, она што јас како социолог на религија, знам и сум убеден е дека најголемиот дел од владиците се за она што е вистинското решение. Единствена мајка црква е Вселенската патријаршија, единствен кој што може да даде томос е вселенскиот патријарх, и ние не треба да се плашиме околу тоа, рече Матевски.

Според него името било и ќе биде проблем, но порачува и дека ако црквата биде призната под името Охридска Архиепископија треба да бидеме горди на тоа.

Тоа треба да биде за нас одлично решение, не смееме да инсистираме на она другото, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, затоа што свесни сме дека вселенскиот патријах, под влијание на Грчката православна црква, никогаш нема да го направи тоа. Значи најдобро е според мене да си добиеме томос како Охридска архиепископја, древното име треба да нѐ радува, да бидеме горди на тоа, да си го добиеме томосот. Но очигледно има борба внатре во Синодот, некои се за, некои се против. Мислам дека овие помладите владици се доволно разумни да го решат проблемот, вели Матевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе