Вести Македонија

Иванова: Многу од ставовите кои што ги искажа владиката немаат никаква допирна точка со барањета за родова еднаквост

Стравот од губење на моќта и влијанието на црквата врз своите верници, а особено од женскиот пол, е во основа на реакциите на дел од свештенството против моделот на модерна жена, оценува претседателката на Реактор – Истражување во акција, Тања Иванова, во вечерашната Топ Тема на Телма.

Мислам дека има повеќе нивоа на овој страв и овие реакции, и една од клучните работи во основа на борбата против родовата еднаквост, значи борбата против борците за човекови права, во основа е стравот, или незнаењето и погрешната информираност. Затоа што многу од ставовите кои што ги искажа владиката, и претходно неговиот колега, немаат никаква допирна точка со она што реално се случува на поле на барање на родова еднаквост, рече Иванова.

Додава дека причината за ваквите реакции од страна на Црквата можеби е објавувањето на предлог законот за родова енаквост кој се подготвува.

Ова е еден чекор кој што е подолготраен, законот инаку се подготвува уште од 2019 година, ние сме дел од работната група сиве овие години, и имало и претходни верзии на закон, меѓутоа зошто токму сега, и зошто токму таа реакција, искрено како човек, без истражување би рекла дека можеби некој сака да купи политички поени во целата оваа приказна. Бидејќи знаеме дека популизмот најлесно носи гласови а живееме сепак во држава во која што имаме огромен број на луѓе кои што практикуваат религија и можат да бидат во наводници купени, рече Иванова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе