Вести Култура Македонија

Светскиот ден на книгата- колку се чита, колку се почитуваат авторските права?

Различни видови на популаризација на книгата и нејзино доближување до читателите се составен дел на оддбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ширум светот. Кај нас тивко поминуваат ваквите настани, но воедно се повод за преиспитување не само колку се колку се чита, туку и колку се почитуваат авторските права. Борба со ветерници, вака издавачите и преведувачите ја оценуваат состојбата со почитување на авторските права во издавачката дејност во Македонија.

  • Веќе подолго време се соочуваме со разни прекршувања и од издавачки ќуќи и од фотокопирници, секој кој што смета дека е многу лесно само да се преземе некое дело и да се репродуцира во комерцијални цели. Едноставно не постои доволно развиена култура и разбирање на тоа што значи авторско право – Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Во нашата земја генерално се почитуваат авторските права, вели Дамјаноска која ја преведе на македонски јазик новелата „Црвен сирак“, дело на еден од најпознатите современи кинески писатели, нобеловецот Мо Јен.

  • Да речеме за помалите и помалку познати култури како што е кинеската не тера нас преведувачите да ги преведуваме класиците каде што нели нема авторски права, а кога имате желба да преведете некој познат автор тогаш патот е многу потежок, бидејќи авторските права се многу скапи, а издавачките куќи тие средства не можат да ги надокнадат со тиражите на еден толку мал пазар како што е македонскиот – Елена Дамјаноска, преведувачка од кинески јазик.

Во светот има јасни критериуми вели Клеопатра Филипова, сопруга на шпанскиот поет и лауреат на Струшките вечери на поезијата Хусто Хорхе Падрон, чија поезија е преведена на четириесет и четири јазици.

  • Во Шпанија се почитуваат многу авторските права и правата на преведувачот. Значи се прават два договора посебно. Ништо не може да излезе од печат без дозвола од авторот и од преведувачот – Клеопатра Филипова, поетеса и преведувачка .

„Книгите многу ни се потребни денес. Посебно денес, кога светот станува нетрпелив, брз, дефокусиран, кога не се чита толку многу, кога се пишува непотребно многу, кога вредностите се изменети, кога човештвото се наоѓа толку блиску до сопственото уништување“, забележа Ана Стојановска во македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе