Вести Македонија Топ вести

Скопската пречистителна станица ја преживеа битката меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ – за најмногу два месеца почнува да се гради кај Трубарево

Додека надлежните „Водовод“ и Град Скопје молчат, министерката за животна средина радосно најавува дека за најмногу два месеца ќе почне изградбата на скопската пречистителна станица во атарот на Трубарево. Како што веќе објави Телма, проектот од околу 200 милиони евра од кредити и грантови ќе го работат германската компанија ВТЕ и домашната „Жикол“ кои на тендерот го победиле турскиот конкурент „Кузул“.

Но, договорот се држи во тајност, а градските власти не објавија, ниту како ќе се гради, ниту кога треба да биде завршена станицата, ниту како ќе се контролира изградбата. Ниту денеска директорот на „Водовод“, Драган Илиевски не одговори на нашите повици, а нема ниту одговор од градот. Министерката Шукова вели дека имало определени потешкотии поради што тендерот се одложил.

Поради тендерот, се распадна скопската коалиција на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кога Арсовска ја обвини партијата и Мицкоски за ставање на рачиња во медот. На крај на тендерот, сепак, победи германската фирма, иако неофицијално градоначалничката сакаше победа на турската. Станицата ќе ги пречистува отпадните води од главниот град, а корист ќе имаат над половина милион граѓани.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе