Вести Македонија Топ вести

Почна првата операција на Фронтекс- 100 европски гранични полициски службеници ќе работат со нашата полиција

Над 100 европски гранични полициски службеници ќе работат заедно со нашата гранична полиција на надгледување и проверки на границата, патролирање и собирање информации за прекуграничниот криминал откако денеска почна првата операција на ФРОНТЕКС на територија на Македонија. Лани во октомври беше потпишан договорот со оваа европска организација за заштита на границите.

Фронтекс полицајците пристигнаа во своите препознатливи униформи и ја почнаа заедничката  операција со македонската полиција на границата кон Грција. На свеченоста во Скопје, беше присутен и врвот на владата, поздрави пристигнаа преку видео обраќања и од Брисел.

Покрај безбедносниот значај за заштита на границата сите говорници од владата повторија дека договорот е потпишан на македонски јазик. Претставниците на ФРОНТЕКС пак посочија дека тие ќе работат по македонските закони.

Тоа значи дека нема да се случи преседанот со Бехтел И Енка кога поради договор се менуваат закони. Не сме сами во справувањето со илегалната миграција, истакна Спасовски на заедничката прес конференција со извршниот директор Лајтенс.

Првата операција почнува од сега и ќе трае до крајот на јануари догодина. Наредните заеднички  операции треба да се организираат на границите кон Албанија и Србија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе