Вести Македонија Топ вести

Павле Трајанов предлага формирање Агенција за борба против тежок криминал, за СДСМ е непотребна

Криминалот и високата корупција се толку навлезени во сите пори на општеството што ја загрозуваат и перспективата на државата, констатира пратеникот Павле Трајанов и предлага формирање нова Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал.

Во неа би биле вработени 30 до 50 професионалци кои ќе гонат функционери – криминалци и нивниот скриен имот.

За СДСМ, ваква Агенција е непотребна и би навлегла во надлежностите на постојните институции. За ВМРО ДПМНЕ е прифатлив секој облик на спротивставување на криминалот во власта.

Со 5 гласа за и 8 против, Комисијата за политички систем не го прифати предлогот на Трајанов.

Еве дел од дебата меѓу Павле Трајанов, ДС, Снежана Калеска-Ванчева, СДСМ и Никола Мицевски, ВМРО ДПМНЕ

https://youtu.be/mJpTiFNH_wA

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе