Вести Свет Топ вести

Нордиски медиуми тврдат: Руски шпионски бродови подготвуваат саботажи

Русија спроведува програма на шпионирање во водите на северна Европа каде, како што се сомнева, повеќе десетици воени и цивилни бродови ги маркираат можните места за саботажи, се тврди во документарен филм чии делови вчера емитуваа водечките нордиски телевизии.

Ваквите обвинувања Кремељ веднаш ги отфрли наведувајќи дека обвиненијата се неосновани и повика на транспарентна и непристрасна меѓународна истрага на саботажата на гасоводот Северен тек во Балтичко Море во септември минатата година.

Според заедничката истрага на неколку телевизии од Норвешка, Данска, Шведска и од Финска, кои се повикуваат на извори од разузнавачките служби на нордиските земји, Москва за шпионирањето го користи бродот „Адмирал Владимирски“, кој официјално е научно пловило но и рибарски бродови, глисери па дури и јахти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе