Вести Македонија Топ вести

ДРЗ: Општина Свети Николе го прекршила Законот за урбано зеленило, отсуство на наплата на данок на имот и такси

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, Државниот ревизор ги констатирани се следниве состојби:

– отсуство на пишани процедури и поделба на должности во процесите на утврдување и наплата на данок на имот, такси, надоместоци, закупнини и надомест за уредување на градежно земјиште;

– неизвршена репроценка на пазарната вредност на целиот недвижен имот и проценка на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на Општината;

– формирано е ново јавно комунално претпријатие без почитување на законските прописи, а ЈКП Единство Свети Николе сеуште не е ликвидирано од страна на основачот;

– за побарувањата по основ на данок на имот не е утврдена старосна структура и не се пресметува камата за задоцнети плаќања на побарувањата по овој основ;

– остварени се приходи по основ на закупнина на општински имот, хотелски комплекс;

– одморалиште “Стар Дојран“ без утврдени критериуми, водење на законска постапка за давање под закуп и без Одлука на Советот на Општината за утврдени цени и постапка за давање под закуп;

– нередовна наплата на побарувањата по основ на надомест за уредување на градежно земјиште кога надоместокот се плаќа на рати не активирање на инструментите за наплата банкарски гаранции и меници за ненавремена наплата на надоместокот како и не е утврдена старосната структура на побарувањата по овој основ и

– нередовна наплата и помалку уплатени приходи по основ на комунални такси за користење на простор пред деловни простори.

Советот на Општина Свети Николе нема донесено Стратегија за развој на зеленилото, која ги дава насоките за креирање на планските решенија во делот на зеленилото при изработката на сите планови и проекти во поглед на заштита и унапредување на системот на зеленило и Одлука за зеленило, што не е во согласност со член 12 од Законот за урбано зеленило, се вели во ревизорскиот извештај за општината.

Општина Свети Николе не остварува приходи по основ на надомест за одржување на јавното градско зеленило, ниту ги има предвидено во буџетот за 2021 година, што не е во согласност со член 39 од Законот за урбано зеленило.

Ревизорите потнцираат дека надлежност на општината е да подготвува и предлага до советот на единицата на локалната самоуправа Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото.

  • За извршување на активностите предвидени во програмата за одржување на јавното зеленило задолжено е ЈКП Комуналец – Свети Николе со Договор за одржување на јавно зелени површини во вкупен износ од 2.412 илјади денари. Спроведените активности се исплатени врз основа на месечни фактури и спецификација за извршени работи доставени до Општина Свети Николе, пишува во ревизорскиот извештај.

Препорака Градоначалникот на Општина Свети Николе да преземе мерки и активности за изготвување и донесување на Стратегија за развој на зеленилото и Одлука за зеленило и  утврдување на надомест за одржување на јавното градско зеленило и активностите за одржување на зеленилото да се финансираат преку овој надоместок со целосна контрола во планираните и реализираните финансиски средства за извршување на надлежноста.

Исто така во општината не е извршена репроценка на пазарната вредност на целиот недвижен имот на територијата на Општината согласно Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот.

  • Репроценка на пазарната вредност на недвижен имот е направена во периодот 2008-2009 година, само во одредени реони, а не и на целата територија на Општината, поради што за дел од вредноста на имотот се користат податоци добиени од УЈП во 2006 година. Во периодот 2014-2015 година направена е репроценка на деловните објекти на територијата на Општината, а во 2019 година е направена репроценка на дел од населба викана “Бел Камен”, пишува во дел од  ревизорскиот извештај.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе