Вести Македонија Топ вести

(Видео) Физичка пресметка пред кафеана – полицајци се степаа во Кривогаштани, еден вика, друг пцуе, трет ги раздвојува

Физичка пресметка меѓу полицајци од Житоше пред угостителски објект во Кривогаштани за чие поведение на првиот ден на Велигден е поведена постапка. Инцидентот се случил во неделата, околу 4:45 часот наутро.

Од СВР Битола информираат оти станува збор за А.Ј. (41) и К.А. (45), двајца полицајци од село Житоше. Причина за расправијата меѓу двајцата полицајци, кои беа во службени униформи, не е позната.

„Се преземаат мерки за расветлување на случајот. Известено е Одделението за внатрешна контрола, кривични истраги и професионални стандарди и ќе биде почната постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и оддалечување од работното место до носење на одлуката во дисциплинската постапка“, информираат од СВР Битола.

На снимката на социјалните мрежи се гледа како двајца полицајци се тепаат, додека нивни колега се обидува да ги раздвои. Еден од нив вика на глас и се фаќа за пиштолот, а вториот го пцуе и потоа заминува. Потоа еден од нив влегува во автомобил од марката „голф“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе