Вести Македонија Топ вести

Министерството за здравство негира дека пред 8 години тик-ток анестезиологот Дервиши добил негативно мислење за нострификација на специјализацијата

Министерството за здравство негира дека Комисијата oдбила да му ја нострифицира специјализацијата на лекарот-анестезиолог Ваљтон Дервиши, кој на Тик Ток објави видео од пациенти и медицински персонал.

За Телма велат дека на 10 октомври 2014-та поднел барање до Министерството за здравство – специјализацијата завршена на Универзитетот во Приштина да му се нострифицира, по што му била побарана дополнителна документација.

„Не се точни наводите дека Комисијата тогаш му дала негативно мислење, туку Комисијата дала задолжување именуваниот доктор да достави дополнителни документи за да се разјасни целата ситуација околу неговото барање за признавање на специјализацијата. Имено, после обезбедувањето на потребната документација од подносителот на барањето, Комисијата на ден 02.03.2015 донела заклучок дека таа специјализација е компатибилна со специјализацијата во Република Македонија. Согласно тој заклучок, изготвено е решение за признавање на таа специјализација, потпишано од тогашниот министер за здравство“ – соопшти министерството за здравство.

Во тоа време, Министерството за здравство го водеше Никола Тодоров, кој ставил потпис на специјализацијата на Дервиши.

Дел од медиумите пишуваа дека специјализацијата ги немала потребните потписи од комисијата, но, Тодоров ги демантираше овие наводи и вели дека ставил про-форма потпис.

Неофицијално анестезиологот и претходно несовесно се однесувал, информација која ја добил и министерот Меџити, но не била потврдена. Меџити вели дека во тетовската болница не била формирана дисциплинска комисија за да го санкционира.

„Непотврдени информации исто и јас ги добив како вас. Нема ништо запишано, никаква постапка не е покрената досега, дисциплинка, никаква, не знам зошто. Тоа што можам да споделам со вас до пред две недели немало ни дисциплинска комисија, не знам зошто така било. Отсега натаму со мене во МЗ и со мојот тим работите веќе нема вака да продолжат, ќе се решат ист момент и најстрого ќе се санкционираат“ – тврди министерот за здравство Меџити.

Лекарската комора поведе постапка за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот, кој е во притвор бидејќи ги снимаше пациентите во гинеколошкото одделение и видеото го емитуваше во живо на социјалната мрежа Тик Ток.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе