Вести Свет Топ вести

Побаран притвор за осомничениот за протекување доверливи документи

Американското Министерство за правда побара притвор за осомничениот за поврзаност со протекувањето доверливи документи од Пентагон, Џек Тешеира, а сојузниот судија денеска донесе одлука тој да биде задржан до сослушувањето следната недела. Тој денеска беше изведен пред Федералниот суд во Бостон, во американската сојузна држава Масачусец. Тешеира, кој е припадник на Воздухопловната национална гарда на Масачусец, е уапсен вчера под сомнение дека е поврзан со случајот со објавување доверливи документи. Тој бил специјализиран за разузнавачки активности во Националната гарда.

21-годишниот Џек Тешеира, е чувар на воздухопловната национална гарда во Масачусетс, кој е обвинет дека е осомничен за протекување на доверливи документи на Пентагон. Тешеира служеше во гардата неколку години и се тврди дека на интернет групата за пораки објавувал неколку месеци документи кои содржат тајни на САД за воената подготвеност на Украина и она што го прават САД за собирање разузнавачки информации и за сојузниците и за непријателите, вели Номан Меркант, аналитичар од Асошиетед прес .

Родителите на осомничениот одбија да коментираат додека ја напуштаа судската зграда по судењето на нивниот син… Тешеира се појави пред судот за да се соочи со обвиненијата според Законот за шпионажа за неовластено земање и задржување на доверливи информации и информации за националната одбрана.

Од Пентагон претходно соопштија дека администрацијата на Бајден сега работи на проценка на дипломатските и националните безбедносни последици од обелоденетите документи откако за прв пат беа пријавени минатата недела.

Продолжуваме да разгледуваме различни фактори што се однесуваат на заштита на класифицирани материјали. Ова вклучува испитување и ажурирање на списоците за дистрибуција, проценка како и каде се споделуваат разузнавачките информации и разни други чекори. Сепак, би рекол дека е важно да се разбере дека имаме строги упатства за заштита на класифицирани и чувствителни информации. Ова беше намерно кривично дело, кршење на тие насоки, изјави портпаролот на Пентагон Бриг. Генерал Пет Рајдер.

Тешеира вчера беше уапсен од тешко вооружени тактички агенти по еднонеделната кривична истрага за откривањето на владините досиеја, прекршување што на светот му ги изложи тајните проценки за војната во Украина, можностите и геополитичките интереси на другите нации и другите национални безбедносни прашања. Тој се појави пред судот во затворска облека. Инспекторите веруваат дека Тешеира бил водач на онлајн приватна група за разговор на Discord, платформа за социјални медиуми популарна кај луѓе кои играат онлајн игри.

Записите за наплата што ФБИ ги добил од Дискорд, кој соопшти дека соработува со бирото, им помогнал на истражителите да го откријат Тешеира.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе