Вести Свет Топ вести

Гардистот Тешеира обвинет за протекувањето на доверливи документи од Пентагон

Американецот Џек Тешеира, припадник на Националната гарда на Масачусетс, денеска ќе се појави пред суд откако вчера беше уапсен од агенти на ФБИ за протекување на доверливи воени документи од Пентагон поврзани со војната во Украина и други прашања поврзани со националната безбедност. Јавниот обвинител Мерик Гарланд рече дека ќе биде обвинет според одредбата од Законот за шпионажа за сторено кривично дело оземање и пренесување доверливи информации за националната одбрана.

Министерството за правда го уапси Џек Даглас Тешеира во врска со истрагата за наводно неовластено одземање, задржување и пренос на доверливи информации за националната одбрана. Тешеира е вработен во Националната гарда на воздухопловните сили на САД, изјави Мерик Гарланд, државен обвинител на САД.

ФБИ го уапси вчера во неговата семејна куќа во Дајтон, Мсачусетс откако тој беше идентификуван како водач на група за онлајн-разговори каде првично биле објавени документите, а оттаму тие се проширија и на други социјални мрежи.

21-годишниот Џек Тешеира, е чувар на воздухопловната национална гарда во Масачусетс, кој е обвинет дека е осомничен за протекување на доверливи документи на Пентагон. Тешеира служеше во гардата неколку години и се тврди дека на интернет групата за пораки објавувал неколку месеци документи кои содржат тајни на САД за воената подготвеност на Украина и она што го прават САД за собирање разузнавачки информации и за сојузниците и за непријателите, објаснува Номан Меркант, аналитичар од Асошиетед прес.

Од Пентагон велат дека ќе истражат како доверливите документи биле дистрибуирани, но портпаролот Пат Рајдер посочи дека американската војска им доверува на младите припадници на службата високо ниво на одговорност… Од таму велат дека администрацијата на Бајден сега работи на проценка на дипломатските и националните безбедносни последици од обелоденетите документи откако за прв пат беа пријавени минатата недела.

Продолжуваме да разгледуваме различни фактори што се однесуваат на заштита на класифицирани материјали. Ова вклучува испитување и ажурирање на списоците за дистрибуција, проценка како и каде се споделуваат разузнавачките информации и разни други чекори. Сепак, би рекол дека е важно да се разбере дека имаме строги упатства за заштита на класифицирани и чувствителни информации. Ова беше намерно кривично дело, кршење на тие насоки, истакнува портпаролот на Пентагон,  Бриг. Генерал Пат Рајдер.

Тешеира работел како ИТ специјалист во разузнавачкото крило на Националната гарда на Масачусетс. Дел од информациите во јавноста во врска со мотивот за објавување на документите се дека тој изразувал скептицизам кон американската влада, но неговите пријатели, пак, тврдат дека Тешеира ниту бил свиркач ниту странски агент. Онлајн групата каде првично беа објавени доверливите документи брои околу 20 до 30 луѓе кои споделуваат интерес кон оружје, расистички содржини и видео-игри. Оттаму документите се проширија и на Твитер и Телеграм, по што за случајот дозна и Пентагон.

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе