Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Каили пуштена во домашен притвор но под електронски надзор

Белгиските власти денеска ја префрлија од затвор во домашен притвор главната осомничена во корупцискиот скандал што го потресе собранието на Европската унија.

Портпаролот Антон Шотсаерт претходно изјави дека поранешната потпретседателка на парламентот Ева Кајли ќе остане под електронски надзор додека трае истрагата за случајот пари за политички услуги. Одлуката беше донесена во средата.

Грчката пратеничка беше разрешена од функцијата потпретседател откако беше приведена кон крајот на минатата година под обвинение за корупција, перење пари и членство во криминална организација.

Нејзините адвокати информираат дека таа негира дека го сторила делото што и се става на товар.

Белгиските обвинители се сомневаат дека Каили бил меѓу неколкуте луѓе кои наводно биле платени од Катар и Мароко за да влијаат врз донесувањето одлуки на собранието.

Двете земји ги негираат обвинувањата.

Скандалот го привлече вниманието на јавноста на 9 декември, откако полицијата изврши повеќе од 20 рации, главно во Белгија, но и во Италија.

За време на истрагата и претресите во повеќе приватни објекти но и во хотел беа пронајдени стотици илјади евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе