Вести Свет Топ вести

Вашингтон пост: Лицето кое ги сподели американските тајни информации е млад човек кој работи во американска воена база

Човекот кој стои зад масовното протекување на тајните на американската влада е харизматичен млад човек во 20-ти години, ентузијаст за оружје, кој споделил високо доверливи документи со група познаници за време на изолацијата во пандемијата, пишува Вашингтон пост.

Група мажи и момчиња во 2020 година основале група за која е потребна само покана на Дискорд.

Минатата година, човекот кој некои го нарекуваат „ОГ“ (сленг за Оригинален гангстер) објавил порака исполнета со чудни акроними и жаргон. Зборовите биле непознати, а малкумина ја прочитале долгата порака, објасни еден од членовите. Но, тој го почитувал О.Г., постар водач на нивното мало племе, кој тврдел дека ги знае тајните што владата ги крие од обичните луѓе.

Последователно, О.Г. испратил стотици други пораки кои, според член на групата, изгледале како дословни транскрипти од доверливи разузнавачки документи за кои О.Г изјавил дека ги донел дома од својата работа во „воена база“.

О.Г. тврдел дека минувал барем дел од својот ден во безбеден објект каде биле забранети мобилни телефони и други електронски уреди што може да се користат за документирање доверливи информации сместени на владините компјутерски мрежи.

ОГ ѝ кажал на групата дека поминувал часови пишувајќи ги доверливите документи за да ги сподели со своите познаници на Дискорд серверот што го контролира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе