Вести Свет Топ вести

Смрт на Путин и Зеленски како едно од четирите сценарија за крај на војната во Украина

Американски „Њујорк тајмс“ дојде до доверлив разузнувачки документ, меѓу оние кои „протекоа“ од Пентагон, во кој детално се опишуваат планови за непредвидливи ситуации по една година и руската инвазија во Украина.

Документот содржи анализа што е направена од американската Одбранбена разузнувачка агенција и опишува четири хипотетички сценарија и како тие би можеле да влијаат на текот на војната во Украина, доколку, се разбира, дојде до нив.

Едно од хипотетичките сценарија вклучува и смрт на рускиот претседател, Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, смена на командата на руските вооружени сили и украински напади на Кремљ.

Во документот се предвидува дека војната, најверојатно, ќе потрае, како и дека секое од четирите сценарија, чии резултати е тешко да се предвидат, може да доведе до поинаков исход. Би можело да дојде до ескалација на војната, договорен прекин на воените дејствија или не мора да имаат значително влијание на текот на војната.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, едно од сценаријата говори и што би се случило ако Кремљ се најде на мета на украински воен удар. Документот нуди неколку можни последици. Се објаснува дека таков случај би можел да доведе до ескалација на руско-украинската војна, дколку Путин, поттикнат од негодувања во јавноста, нареди воена мобилизација од големи размери и да ја разгледа можноста од употреба на тактичко нуклеарно оружје.

Евентуален украински напад на Кремљ би можел да разбуди страв кај рускиот народ и да го принуди Птуин да седне на преговарачка маса за ставање крај на војната. Весникот истакнува дека администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден била посебно загрижена поради можноста Украина да ја нападне Москва, бидејќи тоа би можело да резултира со опасна руска ескалација.

Опасноста од таков напад е причина што САД не ѝ дава ракети со голем домет на Украина. Документот што е „протечен“ е датиран со 24 февруари и на него пишува „Една година“, што укажува дека анализата е спроведена по една година од почетокот на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе