Вести Свет Топ вести

Пресуда на Судот во Хаг: Русија да ѝ исплати пет милијарди долари на украинската компанија „Нафтогас“

Арбтитражниот суд во Хаг ѝ наложи на Русија да исплати пет милијарди евра на украинската компанија „Нафтогас“ како отштета за загубениот имот на Крим, соопшти шефот на компанијата, Алексеј Чернишов.

„Русија е должна да исплати на „Нафтогас“ компензација од пет милијарди долари за настанатата штета по заплената на имот на Крим. Одлуката ја донесе Арбитражниот трибунал при Постојаниот арбитражен суд во Хаг на 12 април во 2023 година. Станува збор за последици од запленатга на наш имот на Крим во 2014 година од страна на Русија“, се наведува во соопштението на украинската компанија.

Како што е прецизирано, доколку Москва не ја испочитува судската одлука доброволно, „Нафтогас“ има право да иницира процес за признавање на арбитражната пресуда и нејзино принудно извршување на територија на држава на која се наоѓа имот на Русија.

Но, прес-службата сè уште нема објавено никаква пресуда на таа тема. Се огласи и Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков изјави дека пресудата на арбитражниот суд во Хаг прво треба да се анализира, а потоа да се одредат натамошни акции.

„Да, таква парница се водеше. Оваа не е нова. Меѓутоа, пресудата е нова и треба да се анализира. Нашите стручњацо кои се занимаваат со заштита на нашите права во овој случај ќе анализираат и ќе биде донесена одлука за идните акции“, порача Песков, пренесува Спутник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе