Вести Свет Топ вести

Гутереш и’ удоволува на Москва – САД го прислушкувале и шефот на ОН, велат протечените документи

Американската влада верува дека генералниот секретар на ОН е прилично подготвен да удоволи на руските интереси, покажуваат новообјавените тајни документи на Пентагон. Документите кои протекоа во јавноста покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Антонио Гутереш.

Неколку документи ги опишуваат приватните комуникации меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и опсервацијата на Гутереш за војната во Украина и низа африкански лидери.

Еден од документите се фокусира на Црноморскиот договор за жито, постигнат во јули од ОН и Турција по стравувањата од глобална криза со храна. Тие сугерираат дека Гутереш бил толку заинтересиран за зачувување на договорот што бил подготвен да ги прифати интересите на Русија. „Гутереш ги истакна своите напори за подобрување на извозната способност на Русија“, се вели во документот, „дури и ако тоа вклучува санкционирани руски субјекти или поединци“.

Неговите дејствија во февруари, според оценката, ги „поткопуваат широките напори да се бара одговорност од Москва за нејзините постапки во Украина“.

Велејќи дека нема да ги коментира објавените документи, еден висок функционер рече дека ОН се „водени од потребата да се ублажи влијанието на војната врз најсиромашните во светот“. „Ова значи да направиме сè што можеме за да ги намалиме трошоците за храна и да се осигураме дека ѓубривото е достапно за оние земји на кои им е најпотребно“, рече тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе