Вести Свет Топ вести

Украинската контраофанзива наместо пролетна, може да биде на лето

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинската контраофанзива би можела да започне на лето и дека Киев не чувствува притисок од западните „пријатели и партнери“.

„Не чувствуваме притисок од нашите пријатели и партнери во врска со почетокот на офанзивата. Сите наши пријатели и партнери многу добро знаат дека за да се тргне во контраофанзива, треба да се биде 100 проценти или уште повеќе подготвен за тоа“, рече Шмихал во интервју за весникот „Хил“.

Тој изјави „дека контраофанзивата би можела да започне веќе во текот на летото“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека руската војска внимателно ги следи најавите на Вашингтон за неизбежна контраофанзива на украинската армија и ги зема предвид при планирањето на „специјалната воена операција во Украина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе