Вести Свет Топ вести

Нов вооружен напад во САД – Вработен во банка со полуавтоматска пушка убил четири колеги, нападот го пренесувал во живо на Интернет

Пет луѓе загинаа во престрелката што се случи во центарот на Луивил, во американската сојузна држава Кентаки. Престрелката се случила во банка од страна на вработен, кој влегол со полуавтоматска пушка и почнал да пука по неговите колеги. Полицијата брзо стигнала на местото на инцидентот, почнала вооружена престрелка, по што напаѓачот е убиен. Но, меѓу починатите е и еден полицаец на возраст од 26 години, а другите загинатите се на возраст од 40 до 64.

Повредени се девет луѓе, меѓу нив и двајца полицајци. Еден од нив, туку што дипломирал, и повреден е во главата. Извршена му е операција на мозокот и се уште е во критична состојба.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот. Станува збор за Конор Старџен 25 години, кој нападот и убиството на колегите пред да дојде полицијата го  пренесувал на Интернет.

Инстаграм Мета  брзо го отстраниле преносот во живо од овој трагичен инцидент..

Напаѓачот е опишан како синдикален соработник со портфолио банкар во Старата народна банка. Тој се приклучил на компанијата како редовен вработен минатата година, откако поминал три лета како практикант. Немал проблеми со полицијата.

Според американските медиуми, неодамна му било кажано од банката дека ќе биде отпуштен и напишал белешка во која ги опишува неговите планови за масовното пукање пред да оди на работа во понеделник.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе