Вести Свет

(Видео) Тридневни воени вежби на Кинеската армија за добредојде на претседателот на Тајван по враќањето од САД

Кинеската војска започна со тридневни големи воени вежби во близината на Тајван, кој официјален Пекинг го смета за своја провинција.

Кинеските власти ги опишуваат вежбите како „остро предупредување“ до власта на островот а тие започнаа неколку часа откако во Тајпеј се врати претседателот на Тајван Саи Инг-Вен, по посетата на Соединетите американски држави.

Министерството за одбрана на Тајван потврди дека 71 кинески воени авиони и 9 бродови тргнале низ теснецот и ја преминале замислената линија во водите од каде се прави разлика меѓу Кинеската и Тајванската територија.

Тајван се смета себеси за суверена држава, со устав и демократски избори на кои се бира раководството на државата.

За Кина, островот останува сецесионистичка провинција која е прашање на време кога повторно ќе биде ставена под контрола на Пекинг, ако треба и на сила.

Кинескиот претседател, Ши Џинпинг, повеќе пати повторуваше дека повторното обединување со Тајван е неизбежно и мора да се случи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе