Вести Свет

Италијански турист прегазен до смрт во Тел Авив – седум луѓе повредени

Продолжува ескалацијата на безбедносната ситуација на Блискиот исток.

Еден италијански турист го загуби животот а уште седум други луѓе се повредени откако автомобил кој го возел палестински милитант со голема брзина удрил во нив, додека се шетале покрај плажата во Тел Авив.

36 годишниот Алесандро Парини е убиениот во нападот додека меѓу повредените има уште тројца британски туристи и еден италијанец, потврдија службите за итна помош, кои први пристигнале на местото на настанот.

„Кога пристигнавме на местото, приметивме дека осум луѓе лежат на земја со различен степен на повреди. Еден од нив, маж на околу 30-тина години, беше критично повреден и покрај нашите големи напори да го спасиме неговиот живот, моравме да го прогласиме за мртов на лице место. Сите други пациенти беа евакуирани во најблиските медицински центри во Тел Авив, каде беа третирани нивни повреди“ – велат од брзата помош.

Израелската полиција со повеќе истрели смртно го застрелала возачот, кој подоцна беше идентификуван како 45-годишниот Јусуф Абу Џабер, Арап од Израел, жител на градот Кафр Касим.

Пред нападот во Тел Авив, две сестри, со двојно, британско и израелско државјанство биле убиени а нивната мајка повредена кога кон нив бил отворен оган од автоматско оружје на окупираниот Западен Брег.

Амбулантната служба потврди дека сите повредени во нападот биле туристи.

Четворица од нив биле со лесни повреди, додека тројца со малку потешки повреди, но ниту еден нив не е во животна опасност.

Нападот во Тел Авив се случува во период на растечки тензии меѓу еврејската држава и палестинците. Само неколку часа претходно, израелската војска изведе серија воздушни напади на цели за кои тврди дека припаѓаат на милитантната група Хамас во јужен Либан и појасот Газа.

Израелската војска соопшти дека нападите биле реакција на ракетниот баражен напад од 34 проектили истрелани од Либан кон северен Израел, кој го извршиле милитантите од Хамас.

Тензиите ескалираа по двете интервенции на израелската полиција во џамијата ал-Акса, третото најсвето место во Исламот.

Израелците тврдат дека биле нападнати од луѓето кои престојувале во џамијата со пиротехнички средства, камења и стапови, но вирално се проширија и инсерти на кои полицајците брутално ги тепаат муслиманските верници.

Тензиите ескалираат во период кога се преклопуваат прославите на трите големи религиозни празници на евреите, муслиманите и христијаните – пасха, рамазан бајрам и велигден.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе