Вести Свет

Мишчевиќ: Формирањето на заедницата на српски општини клучно за напредок во дијалогот Белград-Приштина

Мислам дека на сите ни е јасно оти клучот за продолжување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина е спроведување на обврските што косовската страна ги презеде уште од пред 10 години со Бриселскиот договор и што се однесуваат на формирањето на заедницата на српски општини, изјави денеска српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

По договорот од Охрид, како што можевте да видите, на почетокот на оваа недела во Брисел се организираше и состанок на двата технички преговарачи во овој процес и резултатот на тоа е Декларацијата за исчезнатите и по првпат разговор за заедница на српски општини, изјави Мишчевиќ на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Скопје.

Таа нагласи дека Србија е свесна за обврските кои произлегуваат од она што сега се нарекува „европски предлог“, а порано беше познат како „француско-германски предлог“ и од анексот за имплементација.

Според она што го знаеме тоа ќе стане дел од нашето специфично поглавје 35, кое што всушност и досега беше инструмент за следење на спроведувањето на сето она што низ процесот на дијалог е направено. Србија е многу јасна дека ги спроведува обврските што ќе ги преземе, но другата страна исто така мора да покаже дека е подготвена да ги спроведува своите обврски, додаде Мишчевиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе