Вести Македонија Топ вести

Заврши доказната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, на 25 април завршни зборови, па пресуда

Заврши доказната постапка за случајот за пожарот во модуларната болница во кој загинаа 14 лица, кој се води во Основниот суд во Тетово. Денеска беа испрашани последните тројца сведоци, предложени од одбраната на обвинетите.

На наредното рочиште, закажано за 25-ти месецов, ќе бидат дадени завршни зборови, по што ќе следува изрекување на пресудата. Инаку, на 7 декември, кога започна главната расправа, обвинетите се произнесоа дека не ја признаваат вината за кривичното дело за кое се товарат, поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, за „тешки дела против општата сигурност“, докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и правното лице Клиничка болница, за истите дела.

И денес пред Судот граѓани и здравствени работници се собраа да му дадат поддршка на доктор Вучевски.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе