Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Наместо нови капитални инвестиции, враќаат стари споменици со спорна симболика

На предлог на Левица, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Аеродром на последната седница усвои иницијатива со која ќе побара од Собранието поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето на територија на Аеродром. Оваа иницијатива е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се доследни на тоталитарната идеологија на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, вели Милутин Ристески, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.

– Клучниот симбол на Груевизмот, споменикот на егзекуторот на ВМРО, убиец на сопствениот брат, џелат кој извршувал нарачки за убиства, Андон Ќосето, познат како Касапот, стоеше пред палатата на правдата со цел да потсетува на страшната судбина што може да ги снајде сите кои мислат поинаку, потенцира Ристески.

Споменикот на Ќосето беше дивоградба затоа што беше поставен со грубо кршење на повеќе закони меѓу кои и Законот за меморијални споменици и спомен обележја и затоа беше отстранет, а на негово место пред палата на правдата, беше засадено дрво од видот Гинко како симбол на човековите права.

  • Наместо нови капитални инвестиции, враќаат стари споменици со спорна симболика, ете тоа нудат ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска. Го потсетуваме Тимчо Муцунски дека граѓаните гласаа за нови градинки училишта, културни центри и паркови, а не за споменици, долгови, диви депонии и урбан хаос, вели Ристески.

Од СДСМ ги повикаа Тимчо Муцунски и новата коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица конечно да се фатат за работа и да престанат да ја замајуваат јавноста со евтини иницијативи од кои ништо добро не може да произлезе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе