Вести Македонија Топ вести

Уставниот суд одлучи да го укине ДУП-от за бензинската на „Пуцко-петрол“

Уставниот суд одлучи да го укине Деталниот урбанистички план за со бензинската на „Пуцко-петрол“.

Во иницијативата која е усвоена е наведено дека оспорениот Детален урбанистички план ги руши темелните вредности врз кои е заснован уставниот поредок и дека донесената Одлука мора да биде во согласност со Генералниот Урбанистички план на Град Скопје, бидејќи просторот од градска четврт кадешто е предвидено да се гради бензинска пумпа е планиран за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, а тоа се објекти за домување и делумно комерцијални објекти, но не и објекти со класа на намена Е-инфраструктура во која влегуваат бензински пумпи… Парцелата со години стои недопрена, општината Карпош во два наврати донесе Детален урбанистички план со кој предвидува бензинска пумпа, а инвеститорот Пуцко Петрол го купи државното земјиште и со години не гради и се обидува преку судски пат да извлече милиони евра од општинскиот буџет…

Одлуката отвора и можност инвеститорот Пуцко Петрол да поведе нова постапка и како и пред неколку години да бара отштета од десетици милиони евра за изгубена добивка од бенизнска пумпа која не ја ни почнал.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе