Вести Македонија Топ вести

Призма: Кандидатски сомнежи за психолошкиот тест и тестот за интегритет за судии и обвинители

Психолошки тест и тест за интегритет се два дополнителни филтра до стекнување на статус на судија или обвинител во Македонија, покрај Академијата за судии и јавни обвинители, правниот факултет и познавање на странски јазик како критериум. Двата теста се спроверуваат на почеток, со цел филтрацијата за упис на Академијата да ја минат само оние кои се непоткупливи, совесни и етични, се наведува во истражувањето на призма.мк.

Тестовите, покрај тоа што се квалификациски, се и условни, што значи дека задолжително е двата да се положат. Во случај на половичен успех, кандидатот за судија или обвинител, во најмала рака, ќе мора да чека распишување на нов оглас за упис на Академијата.

Кандидати со кои разговараше БИРН, сведочат дека за тестовите не е дозволен приговор, ниту увид во напишаното. Споделуваат и искуства на кандидати кои една година го минале тестот за интегритет, за наредната година нивниот интегритет биде недоволен. Тие изразуваат сомнеж дека психолошкиот тест и тестот за интегритет служат за „елиминација“ на кадри, т.е. како метод за фаворизирање, наместо да бидат во функција на вистинска проверка на психата и интегритетот на апликантите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе