Вести Македонија

Почна судењето на Пендиков – обвинителството го презентираше видеото од неговото тепање

Со  изведување докази денеска во Основниот суд во Охрид почна  судењето за случајот Пендиков.

Обвинителството го презентираше видео записот од безбедносните камери во близина на местото во центарот на Охрид  каде на 19-ти јануари беше претепан Христијан Пендиков, основач и секретар на згаснатото бугарско здружение Цар Борис Трети.

На снимката се гледа како две лица го удираат, а третото гледа, но не се вклучува во тепачката.

„На снимката  се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака , го удира  на лицето  и му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот. Тогаш се појавува уште едно лице, па двајцата го удираат со раце. “, образложи обвинителката Викторија Ковачевска Мандуловска.  

Илија Спасески, инаку професор во училиште е обвинет за напад од омраза со тешки повреди. Според обвинението, на тепачката што се случи на 19 јануари на паркинг во Охрид  и претходела вербална расправија, кога во угостителски обjeкт Спасевски го навредил Пендиков на национaлна основа и наводно му рекол „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“.

Спасески  пред судот се изјасни дека не е  виновен. Неговата одбрана  рече   дека обвинителката не понудила ниту еден доказ за изречените зборови, а видео записот  не потврдува дека обвинетиото физички го нападнал Пендиков.

„Вие ги гледавте снимките каде обвинителот вели јас мислам дека е тој. Обвинителот не треба да мисли дека е тој или овој, треба да има докази од кои неспорно може да се утврди. Мислење на обвинител не е доволно за некој да биде огласен за виновен“ – вели Димитрие Цобоски, адвокат на оштетенито Спасески.

Пендиков не дојде  и денеска на судењето. Судијата Бојан Мартиноски инсистираше тој да се  појави и да го сослуша, а неговиот адвокат рече дека тој е спречен да дојде од Бугарија каде се уште е на лекување.

„Христијан Пендиков ќе се појави кога ќе му заврши лекувањето. Сега  е во подобра здравствена состојба, но не знам дали ќе може да дојде на следното рочиште“ – рече неговиот адвокат Стефан Камишевски.

Денешното судење го следеа бројни медиуми од Македонија и Бугарија. Следното рочиште е закажано за 31 мај.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе